Свет greenday_pageheader

3 јануари, 2013

„Грин деј“ се враќа на турнеја

Kалифорнискиот рок-бенд „Грин деј“ соопштија дека планираат да продолжат со турнејата која беа принудени да ја откажат бидејќи нивниот фронтмен Били Џо Армстронг отиде на рехабилитација.

„Би сакале да им се заблагодариме на сите што нè поддржаа во изминатите неколку месеци. Многу сме возбудени поради турнејата, иако ќе мора да откажеме дел од претходно најавените концерти“ – изјави бендот. Армстронг изрази благодарност до своите фанови за тоа што го поддржуваа додека траеше неговото закрепнување. „Вечно сум благодарен што имам вакви неверојатни пријатели и семејство. Се чувствувам сè подобро со секој нареден ден“ – напиша тој.

Турнејата, на која бендот ќе ја промовира албумската трилогија „¡Uno!¡Dos!¡Tré!“, ќе почне на 28 март во Чикаго. Неодамна беше најавено дека групата ќе одржи концерт на Kалемегдан во Белград на 27 мај, во рамките на фестивалот „Белград колинг“. Организатор на концертот е Авaлон продукција.

Белград е единствено место во регионот каде што групата ќе гостува, а потоа ќе свири на големиот лондонски стадион „Емирати“ во олимписката арена во Москва, на фестивалот „Пинкпоп“ во Холандија, на „Рок ам ринг“ во Германија и тн. Првиот дел од нивната трилогија „¡Uno!“ се појави во продажба во септември и доби исклучително добри критики, додека „¡Dos!“ беше објавен на 9-ти ноември. ¡Tré!“, односно последниот дел од трилогијата, ќе излезе деновиве.



Врати се горе ↑