Свет 120914-green-day

21 март, 2013

„Грин деј“ повторно во акција

Како што пишуваат бројните медиуми, на овогодинешниот SXSW фестивал одржан во Остин, Тексас (САД), по подолгата рехабилитација на фротменот Били Џо Армстронг, калифорнискиот поп панк состав „Грин деј“ се враќа на сцената со полн интензитет. Во енергичниот настап немаше знаци на несигурност или замор, па на 25 мај во Белград можеме да очекуваме одличен концерт. Дел од атмосферата на горенаведениот фестивал и изведбата на песните „Highway To Hell“ (преработка од AC/DC), „Brain Stew“ и „St. Jimmy“ можете да видите во следното видео од публиката.

 

На истиот фестивал беа премиерно претставени и филмовите „¡Quatro!“, кој го бележи процесот на снимање на минатогодишната албумска трилогија „¡Uno!, ¡Dos!, ¡Tré!“, како и „Broadway Idiot“, кој ја документира работата на мјузиклот „American Idiot“, кој е врз основа на истоимениот албум на бендот претставен пред две години.

Во продолжение погледнете го интересниот „лего“ видео запис за песната „She“, кој го направи фан на бендот.

 

Извор: Billboard.com



Врати се горе ↑