8 ноември, 2012

Грин Деј ја најави „двојката“

Како што веќе беше објавено, американскиот панк рок бенд Грин Деј уште на почетокот на годинава ја подготви албумската трилогија „¡Uno!¡Dos!¡Tré!“ (Еден, два, три). Овој сет се состои од три албума, а ќе следува и четрврто продолжение, односно документарен филм за снимањето на трилогијата со наслов „¡Quatro!“. Првиот дел веќе беше објавен на 25ти септември, додека вториот треба да излезе на 13ти ноември, а третиот е закажан за 15ти јануари следната година. „¡Uno!“ содржи 12 нумери, вториот 13 и третиот 12.

Пред извесно време бендот го објави и видео записот за една од нумерите кои ќе се најдат на саундтракот на филмот The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2.”, а тоа беше песната „The Forgotten“. Деновиве бендот ја најави и „двојката“ од албумската трилогија, која што треба да излезе на 13ти овој месец, а тоа го направи со видео записот за најновиот сингл „Stray heart“. Погледнете го најновото од Грин Деј.



Врати се горе ↑