Свет green-day

29 јануари, 2013

„Грин деј“ е најдобар панк-рок бенд на сите времиња

Читателите на престижниот музички магазин „Ролинг стоун“ за најдобар панк-рок бенд на сите времиња го одбраа калифорнискиот состав „Грин деј“, кој ќе настапи во спрската престолнина во рамките на Белград Колинг фестивалот организиран од Авалон Продукција. На второто место се најдоа „Д Клеш“, трети се „Д Рамонс“, а на листата се најдоа „Секс Пистолс“ и други.

„Грин деј“ ќе го одржи првиот и единствен концерт во овој дел од Европа на 27-ми мај, кој е во рамките на актуелната турнеја на која го промовираат материјалот од албумската трилогија „¡Uno!, ¡Dos!, ¡Tré!“  . Како предгрупа ќе настапи составот Хладно Пиво, како и уште два други бендови од регионот, чии имиња ќе бидат објавени наскоро.

Влезниците кои ги имаат најефтините цени од сите концерти од нивната турнеја „99 Revolutions“, веќе се пуштени во продажба низ целиот регион.

 



Врати се горе ↑