Настани

27 јули, 2017

„Грин бич фестивал“ викендов во Охрид

Осмото издание на најголемиот фестивал на електронска музика кај нас, „Грин бич фестивал“, започнува утревечер со настапот на легендарниот Ричи Хотин, а големата завршница е закажана за сабота, со неговиот колега Свен Ват.

Настанот традиционално се одржува на плажата „Парк“ во Охрид, а покрај главните ѕвезди ќе настапат и артистите кои со своите настапи ќе го надополнат највозбудливото техно доживување овој јули: Маурицио Шмиц, Васо и Горан Кан, Песинџер, Самоил Радински и Флудер

Влезници за секоја вечер одделно чинат 650 денари, а дводневните се по цена од 1.200 денари. Исто толку чини и ВИП дневен билет, додека ВИП блок билетите чинат 2.000 денари. Истите можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн преку mktickets.com.



Врати се горе ↑