Настани e3d93569-0623-4a89-bf97-7684a911f218

1 август, 2014

„Грин Бич 2014“ вечерва во Охрид, со слободен влез за сите посетители

Вечерва на плажата Парк во Охрид ќе се одржи петтото издание на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ, најголемиот музички фестивал во Македонија посветен на електронската музика. Програмата на роденденското издание на фестивалот започнува во 21.00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20.00 часот и ќе биде БЕСПЛАТЕН за сите посетители ДО ПОЛНОЌ. По полноќ, влезот на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ ќе чини 200 денари.

По тажната веста дека легендата на андергаунд електронската сцена Дени Тенаглиа го откажува настапот во Македонија поради семејна трагедија, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ за вечерашното издание, покрај веќе претходно најавените артисти, диџеите SABB, Зоки Бејбе и Никифор, ја надополнува прорамата и со нови имиња.

Станува збор за еден од предводниците на британската андерграунд хаус музика, DJ YOUSEF и лондонската техно хаус легенда Mr.C, екс-фронтменот на The Shamen!

Влијателниот диџеј и музички продуцент YOUSEF е новото име кое доаѓа со гаранција за одлична журка на вечерашниот Грин Бич Фестивал. Тој со години е дел од британската андерграунд хаус музичка сцена и предводејќи ги едни од најпознатите клубски журки во Европа, славните „Circus“, за кратко време стана значајно име на хаус жанрот, познат по настапите во најголемите и најлудите ноќни клубови ширум светот кадешто секој пат ги фасцинира фановите. Нови звуци, нов развој и поместување на нови граници; сите тие остануваат клучен дел од неговиот имиџ како еден од водечките андерграунд имиња на хаус музиката.

Покрај него, доаѓа и Richard West ака Mr.C, лондонската техно и хаус легенда, најпознат како фронтмен на славната поп група The Shamen која во раните ’90 години се прослави со бројни хит синглови во британската Топ 10 листа, меѓу кои и двата огромни хитови кои кои беа на врвот на оваа листа, „Move Any Mountain“ и „Ebeneezer Goode“. Зад себе, во својата повеќедецениска кариера Mr.C има бројни диџеј и продукциски изданија, соработки и издавачки етикети, беше сопственик и на легендарниот ноќен клуб „The End“ во Лондон, неговото име е запишано како резидент на низа светски популарни клубови, а изминатата година пред музичката јавност го претстави и својот нов албум „Smell The Coffee“.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА за сите кои веќе ги купиле влезниците за фествалот или тоа допрва сакаат да го сторат е дека претпродажбата на влезниците е веќе стопирана, а влезот на фестивалот вечерва до полноќ (00.00 часот) ќе биде бесплатен за сите посетители, додека пак после полноќ влезниците кои ќе се продаваат на билетарата на Грин Бич Фестивал ќе чинат 200 денари.

Оние кои веќе ги купиле своите влезници за Грин Бич Фестивал во претпродажба, при влезот на фестивалот во замена за сумата која ја платиле ќе добијат ваучери за пијалоци во рамки на фестивалот, односно ваучер за пијалоци во вредност од 500 денари до полноќ и ваучер за пијалоци во вредност во 300 денари по полноќ.

Доколку веќе сте купиле карта за Грин Бич Фестивал, но поради откажаниот настап на Дени Тенаглиа сепак нема да присуствувате на фестивалот, почнувајќиод понеделник влезниците ќе можете да ги вратите во продажната мрежа на МК тикетс каде што ќе ви бидат вратени и парите. За оваа можност, дополнителни информации за местата каде што ќе се врши враќањето на билетите, ќе бидат објавени наскоро.

ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ (Green Beach Festival) и плажата Парк во Охрид,вечерва (1  август 2014) се целосно подготвени за уште едно неверојатно фестивалско доживување и петти пат по ред ја продолжува традицијата како најдобрата летна журка во Македонија посветена исклучиво на електронската музика.

Почетокот на фестивалот е закажан во 21.00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20.00 часот.

Еве ги и последните детали пред стартот на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ 2014:

1. Ве молиме и ви препорачуваме да ги оставите вашите возила дома, поради очекуваниот метеж и ограничените можности за паркинг на плажата Парк.
2. Наместо на тревник, подобро е да си земете такси кое ќе ве однесе до самиот влез, а при тоа и слободно ќе уживате во фестивалската журка без притисокот дека не смеете да конзумирате алкохол доколку возите.
3. Доколку дојдете со приватно возило ќе морате да се снајдете за паркинг на 500 метри од влезот на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ.
4. Ве молиме доаѓајте навремено, затоа што вратите на фестивалот ќе се отворат во 20:00 часот, а во 21:00 часот почнува и загревањето сонастапите на првте диџеи на ГРИН БИЧ.
5. Музичката програма на фестивалот почнува во 21:00 часот, по следниов редослед на настапи: Irmin Van Der Meijden; Никифор; Зоки Бејбе; DJ SABB, DJ Mr.C, DJ YOUSEF.
7. Билетите по 00:00 часот ќе се продаваат на пунктот пред официјалниот влез на плажа Парк по цена од 200 денари, а до тогаш влезот на фестивалот ќе биде бесплатен.
8. На истото место сите оние кои веќе ги купиле влезниците во претпродажба, истите ќе можат да ги заменат за ваучери за пијалоци во истиот износ (или разлика) од цената на влезницата.
9. На ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ забрането е внесување на храна, пијалоци, професионална опрема за снимање.
10. За влез на фестивалот ќе бидат во функција 2 влеза:
– 1 ВИП (од страната на влезот на дискотека Парк, наменет само за тие со ВИП влезници) и
– 1 регуларeн влез (на средина на плажата Парк)
11. Сите медиуми своите акредитации ќе можат да ги подигнат на инфо-пултот поставен до билетарата со прикажување на документ за лична идентификација.
12. Ви посакуваме убав помин на четвртото издание на фестивалот ГРИН БИЧ.

Конечно, се гледаме на ГРИН БИЧ 5!



Врати се горе ↑