Промоции 10397822_361199700714455_7644109643540166569_n

21 ноември, 2014

„Грин аут“ со концертна промоција на албумот „Рапаноја“ во МКЦ

Хип-хоп триото „Грин аут“ на 27 ноември во МКЦ ќе одржи концертна промоција на својот втор албум насловен „Рапаноја“, објавен во април годинава. Изданието кое го наследи првенчето „Некои скопски бандити“ од 2009 година, содржи 16 нумери и е во целосна продукција на Ненад Стефаноски за „Фулиш грин мјузик“, а за миксот и мастерингот се погрижи Гоце Трпков, односно диџеј Гоце САФ, кој ќе биде специјален гостин на настанот.

Концертот е со почеток од 21.30 часот, а влезниците во претпродажба по цена од 150 денари можете да ги набавите во билетарницата на МКЦ. На самата вечер од концертот, картите ќе бидат 250 денари, а за првите 200 гости кои ќе платат влезница на врата, како подарок ќе го добијат цедето „Рапаноја“.

 

 



Врати се горе ↑