20 ноември, 2013

Грешниците го претставија видео записот за „Покрени се“

Српскиот рок состав Грешници кој годинава слави јубилеј од 30 години, деновиве го претстави видео записот за својот нов сингл насловен „Покрени се“. Бендот неодамна својот роденден го одбележа и со концерт во српската престолнина, а најави и нов сингл кој би требало да излезе во првата половина од следната година.

Бендот е основан во септември 1983 година, а веќе на 7-ми октомви истата година го одржа својот прв концерт, по кој следуваа бројни настапи и учества на рок фестивал. Во текот на нивната тридецениска работа имаат објавено три албуми, едно ЕП издание и актуелниот сингл „Покрени се“. Првиот албум излезе во 1987 години за словенечката етикета ММЛ, вториот албум „Рафална паљба“ го издадоа во 1995 година за Yankeesound, а третиот насловен „Над амбисом“ излезе кон крајот на 2007 година, а го издаде FLYIN BUFFALO.

Новиот сингл „Покрени се“ кој го најавува претстојниот албум е издаден од ДКБ (Друштво на книжевници од Белград), а продукцијата ја потпишува Филип Веркиќ. Новиот видео запис можете да го видите горе, а доколку Ви се допадна песната, можете бесплатно да ја симнете на овој линк.



Врати се горе ↑