Видео

24 јануари, 2018

Греми ретроспектива: Песна на годината (6)

Во пресрет на годинешното, 60. по ред доделување на најпрестижните музички награди Греми, се потсетуваме на темите кои низ годините биле прогласувани за „Песна на годината“Повеќе детали околу тоа за што и кому му се доделува оваа награда, можевте да прочитате во првиот дел од Греми ретроспективата, каде што ги сместивме и првите 11 песни, од самиот почеток во 1959 година, сè до 1970, хитовите што ги одбележаа седумдесеттите години од минатиот век ќе ги најдете во вториот дел, оние од осумдесетитте во третиот, а деведесеттите во четвртиот дел, додека првата декада од новиот век ја опфативме во петтиот дел. На самиот крај од оваа ретроспектива ќе се потсетиме на наградените песни од изминативе шест години, започнувајќи од 2011 година, па сè до минатогодишната победничка тема.

Песните се претставени по година, наслов, автор/и и изведувач/и, кои хитови биле прогласувани за „Песна на годината“ во тековната деценија, слушнете во продолжение. Уживајте!

2011 – Need You Now / автори: Дејв Хејвуд, Џош Кир, Чарлс Кели и Хилари Скот / изведувачи: „Лејди антебелум“

 

2012 – Rolling in the Deep / автори: Адел Адкинс и Пол Епворт / изведувач: Адел

 

2013 – We Are Young / автори: Нејт Рус, Џек Антоноф, Џеф Баскер и Ендру Дост / изведувачи: „Фан“ и Џанел Моне

 

2014 – Royals / автори: Џоел Литл и Ела Јелиќ-О’Конор / изведувач: Лорд

 

2015 – Stay With Me / автори: Џими Нејпс, Вилијам Филипс и Сем Смит / изведувач: Сем Смит

 

2016 – Thinking Out Loud / автор и изведувач: Ед Ширан

 

2017 – Hello / автори: Адел Адкинс и Пол Епворт / изведувач: Адел 

 

2018 – ќе дознаеме в недела, 28 јануари, а на номинациите можете да се потсетите овде. Се надеваме дека ова беше одлична можност за првпат да слушнете некои песни, како и да се потсетите на одамна заборавени рефрени, а доколку сакате да дознате кои песни биле наградувани и со Оскар, преслушајте ја и оскаровската ретроспектива.

…Петти дел



Врати се горе ↑