Аудио

24 јануари, 2018

Греми ретроспектива: Песна на годината (5)

Во пресрет на годинешното, 60. по ред доделување на најпрестижните музички награди Греми, се потсетуваме на темите кои низ годините биле прогласувани за „Песна на годината“Повеќе детали околу тоа за што и кому му се доделува оваа награда, можевте да прочитате во првиот дел од Греми ретроспективата, каде што ги сместивме и првите 11 песни, од самиот почеток во 1959 година, сè до 1970, хитовите што ги одбележаа седумдесеттите години од минатиот век ќе ги најдете во вториот дел, оние од осумдесетитте во третиот, а деведесеттите во четвртиот дел. Во овој петти дел ќе се потсетиме на наградените песни од првите десет години на овој век, односно од 2001 до 2010 година.

Песните се претставени по година, наслов, автор/и и изведувач/и, кои хитови биле прогласувани за „Песна на годината“ на почетокот на 21. век, слушнете во продолжение. Уживајте!

2001 – Beautiful Day / автори: Адам Клејтон, Дејвид Еванс, Лери Мулен Јуниор и Пол Хјусон / изведувачи: „Ју-ту“

 

2002 – Fallin’ / автор и изведувач: Алиша Киз

 

2003 – Don’t Know Why / автор: Џеси Харис / изведувач: Нора Џонс

 

2004 – Dance with My Father / автори: Ричард Маркс и Лутер Вандрос / изведувач: Лутер Вандрос

 

2005 – Daughters / автор и изведувач: Џон Мејер

 

2006 – Sometimes You Can’t Make It On Your Own / автори: Адам Клејтон, Дејвид Еванс, Лери Мулен Јуниор и Пол Хјусон / изведувачи: „Ју-ту“

 

2007 – Not Ready to Make Nice / автори: Емили Робисон, Марти Мегваер, Натали Мејнс и Ден Вилсон / изведувачи: „Дикси чикс“

 

2008 – Rehab / автор и изведувач: Ејми Вајнхаус

 

2009 – Viva la Vida / автори: Гај Беримен, Џони Бакленд, Вил Чемпион и Крис Мартин / изведувачи: „Колдплеј“

 

2010 – Single Ladies (Put a Ring On It) / автори: Тадис Харел, Териус Неш, Кристофер Стјуарт и Бијонсе Ноулс / изведувач: Бијонсе

…Четврти дел     Шести дел….

И.Ј.



Врати се горе ↑