Аудио 05668164787849511857

27 јануари, 2016

Греми ретроспектива: Песна на годината (4)

Во пресрет на годинешното, 58. по ред доделување на најпрестижните музички награди „Греми“, се потсетуваме на темите кои низ годините биле прогласувани за „Песна на годината“. Повеќе детали околу тоа за што и кому му се доделува оваа награда, можевте да прочитате во првиот дел од Греми ретроспективата, каде што ги сместивме и првите 11 песни, од самиот почеток во 1959 година, сè до 1970, хитовите што ги одбележаа седумдесеттите години од минатиот век ќе ги најдете во вториот дел, од осумдесеттите во третиот дел, а сега продолжуваме со деведесеттите.

Песните се претставени по година, наслов, автор/и и изведувач/и, кои хитови биле прогласувани за „Песна на годината“ во оваа музичка деценија, слушнете во продолжение. Уживајте!

1991 – From a Distance / автор: Џули Голд / изведувач: Бет Мидлер

 

1992 – Unforgettable / автори: Ирвинг Гордон / изведувачи: Натали Кол со Нет Кинг Кол

 

1993 – Tears in Heaven / автори: Ерик Клептон и Вил Џенингс / изведувач: Ерик Клептон

 

1994 – A Whole New World / автори: Алан Менкен и Тим Рајс / изведувачи: Пибо Брајсон и Реџина Бел

 

1995 – Streets of Philadelphia / автор и изведувач: Брус Спрингстин

 

1996 – Kiss from a Rose / автор и изведувач: Сил

 

1997 – Change the World / автори: Гордон Кенеди, Вејн Киркпатрик и Томи Симс / изведувач: Ерик Клептон

 

1998 – Sunny Came Home / автори: Шон Колвин и Џон Левентал /изведувач: Шон Колвин

 

1999 – My Heart Will Go On / автори: Џејмс Хорнер и Вил Џенингс / изведувач: Селин Дион

 

2000 – Smooth / автори: Итал Шур и Роб Томас / изведувачи: Карлос Сантана и Роб Томас

 ТРЕТ ДЕЛ                ПЕТТИ ДЕЛ



Врати се горе ↑