Аудио 05668164787849511857

5 февруари, 2017

Греми ретроспектива: Песна на годината (3)

Во пресрет на годинешното, 59. по ред доделување на најпрестижните музички награди „Греми“, се потсетуваме на темите кои низ годините биле прогласувани за „Песна на годината“. Повеќе детали околу тоа за што и кому му се доделува оваа награда, можевте да прочитате во првиот дел од Греми ретроспективата, каде што ги сместивме и првите 11 песни, од самиот почеток во 1959 година, сè до 1970, хитовите што ги одбележаа седумдесеттите години од минатиот век ќе ги најдете во вториот дел, а сега продолжуваме со наградените теми од осумдесеттите.

Песните се претставени по година, наслов, автор/и и изведувач/и, кои хитови биле прогласувани за „Песна на годината“ во оваа музичка деценија, слушнете во продолжение. Уживајте!

1981 – Sailing / автор и изведувач: Кристофер Крос

 

 1982 – Bette Davis Eyes / автори: Дона Вајс и Џеки ДеШанон / изведувач: Ким Карнс

 

1983 – Always On My Mind / автори: Џони Кристофер, Марк Џејмс и Вејн Карсон / изведувач: Вили Нелсон

 

1984 – Every Breath You Take / автор: Стинг / изведувачи: „Полис“

 

1985 – What’s Love Got to Do With It / автори: Греам Лајл и Тери Бритен / изведувач: Тина Тарнер

 

1986 – We Are The World / автори: Мајкл Џексон и Лајонел Ричи / група изведувачи „САД за Африка

 

1987 – That’s What Friends Are For / автори: Барт Бакарак и Керол Бејер Сејџер / изведувачи: Дион Ворвик и пријателите

 

1988 – Somewhere Out There / автори: Џејмс Хорнер, Бери Мен и Синтија Веил / изведувачи: Линда Ронстад и Џејмс Инграм

 

1989 – Don’t Worry, Be Happy / автор и изведувач: Боби МекФерин

 

1990 – Wind Beneath My Wings / автори: Лери Хенли и Џеф Силбар / изведувач: Бет Мидлер

…ВТОР ДЕЛ        ЧЕТВРТИ ДЕЛ…



Врати се горе ↑