Аудио 05668164787849511857

5 февруари, 2017

Греми ретроспектива: Песна на годината (2)

Во пресрет на годинешното, 59. по ред доделување на најпрестижните музички награди „Греми“, се потсетуваме на темите кои низ годините биле прогласувани за „Песна на годината“. Повеќе детали околу тоа за што и кому му се доделува оваа награда, можевте да прочитате во првиот дел од Греми ретроспективата, каде што ги сместивме и првите 11 песни, од самиот почеток во 1959 година, сè до 1970, а сега продолжуваме со втората декада и хитовите што ги одбележаа седумдесеттите години од минатиот век, вклучувајќи ја и единствената двојна победа во 1978 година!

Песните се претставени по година, наслов, автор/и и изведувач/и, кои хитови биле прогласувани за „Песна на годината“ во оваа музичка деценија, слушнете во продолжение. Уживајте!

1971 – Bridge Over Troubled Water / автор: Пол Сајмон / изведувачи: Сајмон и Гарфанкел

*една од најпознатите верзии ја отпеа Елвис Пресли

 

1972 – You’ve Got a Friend / автор: Керол Кинг / изведувачи: Џејмс Тејлор и Керол Кинг

 

1973 – The First Time I Ever Saw Your Face / автор: Јуан МакКол / изведувач: Роберта Флек

 

1974 – Killing Me Softly With His Song / автори: Норман Гимбел и Чарлс Фокс / изведувач: Роберта Флек

 

1975 – The Way We Were / автори: Мерилин и Алан Бергман, Марвин Хамлиш / изведувач: Барбра Страјсенд

 

1976 – Send in the Clowns / автор: Стивен Сондхајм / изведувач: Џуди Колинс

 

1977 – I Write the Songs / автор: Брус Џонстон / изведувач: Бери Манилоу

 

1978 – единствената година кога две песни ја делеле титулата „Песна на годината

1. Evergreen / автори: Барбра Страјсенд и Пол Вилијамс / изведувач: Барбра Страјсенд 

 

2. You Light Up My Life / автор: Џо Брукс / изведувач: Деби Бун

 

1979 – Just The Way You Are / автор и изведувач: Били Џоел

 

1980 – What a Fool Believes / автори: Кени Логинс и Мајкл Мекдоналд / изведувачи: „Дуби брадрс“

 …ПРВ ДЕЛ                   ТРЕТ ДЕЛ…



Врати се горе ↑