Настани grammy2013header36008324

10 февруари, 2013

Греми 2013 – „упатство за употреба“

Со помош на Idolator, PopCrush и MTV, Ви претставуваме сè што треба да знаете за вечерашното 55-то доделување на Греми наградите кое ќе се одржува во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

Пред сè, кога можете да го следите преносот?

На тоа прашање одговара блогот PopCrush. Ако стримовите бидат „отклучени“, сите заинтересирани ќе можат да следат во живо на интернет, на следните адреси: www.youtube.com/thegrammyswww.grammy.com/livewww.cbs.com/shows/grammys. „Red Carpet“ преносот започнува на 10-ти февруари во 18 часот ЕST (источноамериканско време), односно на полноќ, 11-ти февруари по наше време. Централниот настан ќе почне да се емитува од 2 часот по полноќ според наше време, а блогот PopCrush  на сите заинтересирани им препорачува да го проследат и „pre-telecast“ доделувањето, кое започнува во 23 часот по наше време. Од 81 Греми категорија, повеќе награди се доделуваат во овој термин кој не се пренесува на телевизија (во САД за ТВ преносот е задолжена мрежата CBS), додека наградите за околу 15 најважни категории се доделуваат на главниот настан. Следењето на доделувањето во „pre-telecast“ категориите често може да отркие и кој е фаворит за „главните категории“. Така минатата година, по двете награди кои ги доби во првиот термин, беше јасно дека за Адел се подготвува нешто големо на „главното“ доделување. На крајот таа си замина дома со шест златни грамофони.

Што е важно на овогодинешното доделување на Греми наградите?

На бројните прашање од оваа област, одговорите ги собра магазинот Idolator. Одиме со ред.

– Како и минатата година, така и оваа водител ќе биде Ел Ел Кул Џеј, кој неговиот нов албум „Authentic Hip Hop“ ќе го издаде на 12-ти февруари, само два дена по доделувањето на Греми.

– Изведувачи со најмногу номинации се Френк Оушн, Фан., Канје Вест, Џеј Зи, Мамфорд едн Санс и Ден Ауербах од Д Блек Кис со по шест номинации, а ги следат Мигел и легендарниот клавијатурист Чик Кореа со по пет номинации.

– Настапите како и секогаш се најинтересен дел од целиот настан. Годинава најавени се настапите на следните изведувачи (и „комбинации“):

  • Џастин Тимберлејк
  • Тејлор Свифт
  • Во чест на музичарот и актер Левон Хелм, кој почина минатата година, ќе настапат Елтон Џон, Мејвис Стејплс, Зак Браун, Британи Хауарт од Алабама Шаркс и Мамфорд едн Санс
  • Мигел и Виз Калифа
  • Диркс Бентли и Миранда Ламберт
  • Д Блек Кис
  • Кели Кларксон
  • Фан.
  • Д Луминирс
  • Мамфорд едн Санс
  • Френк Оушн
  • Ријана
  • Кери Андервуд
  • Џек Вајт
  • Ед Ширан и Елтон Џон
  • Алиша Киз и Марун 5
  • Бруно Марс, Стинг и Ријана

И на крајот, изборот на „најважни прашања“ во ворска со 55-тото по ред доделување на Греми наградите, чии одговори ќе се дознаат вечерва:

  • Дали Френк Оушн, како што се очекува, ќе биде „победник на вечерта“ или не, со оглед на тоа што Греми веќе подолго време се критикува како манифестација која „дава предност на традиционалната рок музика“?
  • Која песна ќе ја претстави Џастин Тимберлејк и дали ќе има „гостин-изненадување“?
  • Која песна од бендот Полис ќе ја „измиксаат“ Стинг и Бруно Марс во заедничкото изведување на „Locked Out Of Heaven“?
  • Дали Псај е воопшто поканет?
  • Дали Ријана ќе седи заедно со Крис Браун? Не дека е важно, ама можеби ќе има некој кој ќе сака да знае…
  • Каква тајна информација за Греми жирито поседува извесен Ал Волсер, номиниран во категоријата „Најдобра денс песна“ покрај имиња како што се Авичи, Скрилекс и Свидиш Хаус Мафиа?

Да повториме уште еднаш – „Ред Карпет“ преносот почнува на полноќ, 11-ти февруари по наше време, централниот настан почнува во 2 часот по наше време, а „pre-telecast“ доделувањето почнува во 23 часот по наше време. Линковите за адресите на кои се надеваме дека ќе може да се следи преносот се наведени горе.

Извори: Idolator, PopCrush, Mtv



Врати се горе ↑