7 ноември, 2013

„Грејт“ го претставија своето „Сребро“

Алтернативниот рок бенд „Грејт“ (Grate) деновиве го објави својот нов видео запис за синглот „Сребро“, кој се наоѓа на актуелниот албум „Волим да ходам“. По видео записите за „Параноја“, „Револуција“ и насловната тема, „Сребро“ е четвртиот сингл од овој албум. За визуелниот изглед на интригантниот видео запис со маски се погрижија Александар Камаси и Јелена Јовановиќ, а улоги имаат и младата актерка Милана Станиќ, виолинистката Александра Аја Човиќ и виолончелистката Радмила Станишиќ. За техничката поддршка се погрижи „ПСП електроник“.

„Волим да ходам“ е втор студиски албум на бендот „Грејт“, кој се појави кон крајот на пролетта оваа година под етикетата на промотерската куќа „Лонг плеј“. Како изгледа и звучи новиот сингл можете да видите горе.



Врати се горе ↑