Аудио grate

27 април, 2015

„Грејт“ го објави својот нов албум

Најавен со сингловите „Ја“ и „Карма“, под етикетата „Одличан хрчак“ штотуку е објавен третиот студиски албум на новосадскиот алтернативен рок состав „Грејт“. Изданието насловено „Не могу, неќу, не знам и не желим“, во 56 минути и 56 секунди носи жесток рокенрол звук и сирова енергија која раздвижува!

На новиот албум на групата „Грејт“ се наоѓаат 13 песни кои, „секоја на свој начин ќе ве удри со силната реалност“. Претходниот албум „Волим да ходам“, кој од неодамна е достапен и на дигиталните сервиси, го означи крајот на тешкиот период за бендот.

фотографија: Јелена Ивановиќ

„Додека ги создававме песните за ’Волим да ходам’, поминавме низ мошне тежок период. ’Не могу, неќу, не знам и не желим’ е нешто сосема поинакво… Овој албум го отсликува нашиот живот во последните две и пол години, колку што ни беше потребно да го направиме. Тринаесет приказни коишто ги видовме, чувме и преживеавме. Како да сум се напишал самиот! Тој е нашиот глас против мрачната реалност во којашто живееме, одговор на надреалното секојдневие… Нашата борба за подобра иднина!“, објаснуваат момците од бендот за тоа како се роди новото, штотуку објавено издание.

„Грејт“ можете да ги следите на grateband.comФејсбукТвитер и ИнстаграмЦелиот албум можете да го преслушате во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑