Свет gracenightclubbing

21 септември, 2013

Грејс Џонс најави книга со мемоари

65-годишната пејачка, актерка и модел од Јамајка, Грејс Џонс за следната есен ја најави својата книга до мемоари. Иако своевремено изјавила дека никогаш нема да го направи тоа – првите стихови од нејзината песна „Art Groupie“ се „никогаш нема да напишам свои мемоари“, но сепак се премислила објаснувајќи: „Ако Вие не го направите тоа, ќе го направи некој друг“. Како што се наведува, книгата ќе обработува теми како што се нејзиното пријателство со манекенката Џери Хол и актерката Џесика Ланг, соработката со уметникот Енди Ворхол и работата на филм со Арнолд Шварценегер.

Во нејзината долгогодишна кариера, Џонс има издадено 10 студиски албуми, а бројни нејзини хитови го достигнале врвот на американската денс листа. Во продолжение да се потсетиме на еден од нејзините хитови, темата „I’ve Seen That Face Before (Libertango)“.

 



Врати се горе ↑