Свет queen_album_cover

12 февруари, 2014

„Greatest Hits“ на Квин го собори британскиот рекорд

Како што јавуваат од Official Charts Company, соборен е уште еден „историски рекорд“ на пазарот во Велика Британија. Станува збор за албумот „Greatest Hits“ на легендарната група Квин објавен во 1981 година, кој стана првиот албум продаден во тираж поголем од 6 милиони примероци, додека од целокупниот тираж 124 000 примероци се преземени дигитално. Статистички, ова значи дека секое четврто домаќинство во Велика Британија сега има по еден примерок од ова издание.

Квин сега се далеку пред колешките и колегите од списокот со натиражни изданија – позади нив се АББА, исто така со компилацијата „Gold“, како и Битлси со „Sgt. Peppers Lonely Hearts Club Band“, и двете со тираж од 5,1 милион примероци, а ги следат Адел и „21“ со 4,7 милиони и Оејзис со „(What’s The Story) Morning Glory“ со 4,6 милиони. За новиот рекорд на бендот, гитаристот Брајан Меј изјави: „Само сакам да им се заблагодарам на сите кои нè поддржуваа во текот на сите овие години, ние сме тука за вас“. Видео пораката можете да ја погледнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑