Македонија

4 јули, 2017

„Гранд“ го исполни ветеното – еве го новиот автомобил на Ристе Ристески!

Само неколку дена по победата на Ристе Ристески во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, продукцијата го исполни ветеното кон нашиот кандидат. Имено, денес Ристе на социјалните мрежи се пофали со новиот автомобил кој го „поздрави“ со многу бакнежи уште на првото запознавање. Победникот не заобиколи да ја овековечи првата средба со едно селфи, по што следеа стотици честитки од обожавателите и пријателите.

Инаку, освен автомобилот, продукцијата „Гранд“ како награда треба да му изработи и две песни. Дали и нивното создавање ќе оди така брзо како и ова со автомобилот, останува да видиме…



Врати се горе ↑