Македонија 993997_10201559563976454_718691320_n

13 август, 2013

Гран При за Димитар на фестивалот „Езерски бисери“ во Струга

Доцна синоќа, Димитар Андоновски на својот Фејсбук профил сподели  одлична вест! Имено, познатиот битолчанец деновиве претстојуваше во Струга, каде што настапи на Меѓународниот Арт Фестивал „Езерски бисери“ како единствен претставник на Македонија, натпреварувајќи се во категоријата Естраден вокал. Помеѓу талентираните учесници кои доаѓаат земји како што се Русија, Белорусија, Украина, Израел, Бугарија, Србија и тн., Димитар ја освои главната награда Гран При како и учество на познатиот фестивал Славјански Базар во Белорусија.

Честитки за Димитар и му посакуваме уште многу успеси во неговата кариера, а со нетрпение го очекуваме и неговиот прв албум кој е најавен за денот на неговиот роденден, 6-ти септември.



Врати се горе ↑