Аудио

16 април, 2019

Грамофонџие со ремикс на евровизиската „Proud“ на Тамара

Евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе нè претставува на претстојното 64. издание на „Евровизија“ во Тел Авив, штотуку си доби и ремикс-верзија, и тоа од познатиот српски диџеј и продуцент Марко Миличевиќ – Грамофонџие. 

„Еве песна за која верувам дека ќе победи оваа година на ’Евровизија’, а јас скоцкав еден ремикс за да можете да го слушате и во клуб“, напиша тој споделувајќи го своето дело.

Evo pesma za koju verujem da ce pobediti ove godine na evroviziji, a ja malo skockao remix da mozete slusate i u klubu 😀

Gepostet von Marko Milicevic am Montag, 15. April 2019

 

Клупската варијанта на „Proud“ дефинитивно ќе придонесе за дополнително зголемување на популарноста на песната, a дека веќе е мошне популарна покажува и фактот што евровизиските обожаватели ја изгласаа на 7. место на порталот escgo.com, што значи дека предвидуваат влез во финалето. Во моментов, слична е состојбата и на обложувалниците, каде што за втората полуфинална вечер (засега) сме пласирани на 10. место, а во целокупната листа со 41 песна на 21. место.

За разлика од повеќето наши претставници од минатите години, Тамара одлучи да ги прескокне сите предевровизиски забави ширум Европа и интензивно да се посвети на подготовката за главниот настан во Тел Авив, кој во неодамнешен разговор со хрватскиот портал eurovision.hr го опиша со два збора – „огледала и светла“.

Секако дека крајниот резултат ќе го видиме дури за еден месец, во втората полуфинална вечер на 16 мај, под реден број 17, а дотогаш можеме да уживаме со одличниот ремикс на Грамофонџие!

И.Ј.



Врати се горе ↑