Настани 1016967_481174821976562_68948842_nijii

29 јули, 2013

Грамофон, вино и сирење во Безистен

Во рамките на заживување на културниот живот во Скопје, каде што моментално е на статус кво ко калдрмата во чаршијата, Галерија 8 за момент се потруди да ве врати во нова димензија. Димензија каде што ќе се спои традицијата и минатото со истенчениот вкус на љубителите на добрата музика, вино и сирење. Како прави скопски боеми, направивме проект каде што посетителите ќе можат да уживаат во звуците на стари грамафони со плочите (албуми) на Битлси, Дорси, Џими Хендрикс, Дип Парпл... Ќе овозможиме да разговараме за љубов, уметност, историја, архитектура, театар и музика со вкусот на македонски традиционални вина. А сето тоа да има уште поголем шмек, обезбедивме и најквалитетни македонски сирења.

Скопје има дух, Скопје има срце и енергија, Скопје го возвраќа ударот како никогаш до сега. Скопје не е наше, едноставно ние сме благословени што живееме во ова парче рај.

Ние само ја докажуваме теоријата на  Евлија Челебија:

„Скопје, тоа е едно чисто место. Сите главни улици се рамни, поплочени со убава, бела калдрма. Има многу учени луѓе, градски првенци, големи господа. Тоа е гнездо на поети и луѓе пријатели на сиромашните. Жителите особено се наклонети кон задоволства и уживања. Љубовта и насладата се голем капитал на нивните вљубени срца.“

Добредојдени се сите гости кои со себе носат љубов и желба да споделат ппозитивна енергија! Ве очекуваме во среда – 31.07.2013 во 21:30 часот!



Врати се горе ↑