6 март, 2018

Графа и Слаткаристика се „Квартални џентлмени“

Слаткаристика продолжува да ја освојува бугарската музичка сцена, остварувајќи интересни соработки со едни од најпознатите ѕвезди на тамошната сцена, а овој пат на ред дојде мегаѕвездата Графа, кој за македонската публика е најпознат по огромниот хит „Дим да ме њама“.

Имено, Слаткаристика гостува во неговиот нов сингл насловен „Квартални џентлмени“, кој е интересен спој на рокенрол, буги и хип-хоп. Музиката и аранжманот се потпишани од Графа, како автори на текстот се потпишуваат Стефан Валдобрев и Слаткаристика, а високобуџетното видео е дел на познатиот режисер Валери Милев.

Coming soon…

Posted by Slatkaristika on Mittwoch, 21. Februar 2018

Освен оваа соработка, Слаткаристика, кој неодамна се здоби со титула магистер на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС, наскоро ќе претстави и нов сингл насловен „Луда романтика“, кој го најави со симпатична фотографија на која е во друштво со сопругата Сања Николиќ.

Исто така, тој неодамна ја збогати и својата колекција на награди со уште две златни бубамари, кои му беа доделени на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“ – едната за интернационален успех, а другата за видеоспот на годината за хитот „Терориста“.

„Лудата романтика“ ќе биде премиерно претставена на 8 март, а извадок од истата слушнете во продолжение.

#ludaromantika premiera 8mi Mart at Facing The Sun😁

Posted by Slatkaristika on Samstag, 3. März 2018



Врати се горе ↑