Концерт

3 јануари, 2018

Градска сесија со Четкар во „Станица 26“

После мини-турнејата во Тајланд, познатиот македонски музичар со светско реноме, Владимир Четкар продолжува со настапи низ Северна Америка, но пред да замине од родната земја, ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје. Закажан за 17 јануари (среда) во „Станица 26“, концертот е во рамките на „Градската сесија“ што ја организира продукцијата „3 Гонга“.

На концертот Четкар ќе настапи во придружба на Демир Кантуровски (труба), Борислав Веселинов (тенор саксофон), Филип Стевановски (тромбон), Ѓоле Максимовски (бас) и Виктор Филиповски (тапани). Билетите по цена од 300 денари се веќе пуштени во претпродажба на „Купи карти за сè“, а настанот е со почеток од 21.30 часот.

 



Врати се горе ↑