25 октомври, 2012

„Градел Илија манастир“ со видео запис

Како што беше најавено, на 23ти октомври по повод Денот на ВМРО, на Македонската Радио Телевизија беше премиерно прикажан новиот видео запис за песната „Градел Илија манастир“ на Гаро и браќата Тавитјан во соработка со црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ. Спотот беше сниман во храмот Св. Пантелејмон на средно Водно, девојката која гостува во истиот е Ивана Грбиќ, а го изработи Томато Продукција. 

По снимањето на овој и видео записот за соработката со хрватската поп пејачка Нина Бадриќ, Тавитјан планираат да снимат уште неколку видео записи за песните од нивниот албум „Македонското срце чука во 7/8“.

Уживајте во убавините на Македонија и нека Вашето срце чука во 7/8!



Врати се горе ↑