2 јуни, 2014

„Град“ е новиот сингл на рок составот „Грејт“

Алтернативниот рок бенд „Грејт“ (Grate) деновиве го објави својот нов видео запис за петтиот сингл од актуелниот албум „Волим да ходам“(Long Play 2013). Екранизацијата за темата „Град“ се снимаше во текот на пролетта во Домот на млади во Панчево, Србија. Позади камерата застана Александар Камаси, додека за режијата и монтажата се погрижија самите членови на бендот. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

По серијата успешни концерти во изминативе неколку месеци, членовите на бендот „Грејт“ деновиве започнуваат со снимање на новиот албум во студиото „Road“ во Нови Сад.

 



Врати се горе ↑