7 јули, 2013

Готје повторно со стариот бенд: Погледнете го „So Hard For You“

Воли Д Бекер (Wally de Becker), попознат како Готје, пред да стане светска ѕвезда со мега хитот „Somebody That I Used To Know“, бил познат под името Воли Бејзик, кое го одбрал според својот бенд Д Бејзикс, основан во 2002 година, во кој и денеска покрај него членуваат и басистот Крис Шроедер и гитаристот Тим Хит. При крајот на минатата година, мулти инструменталистот Готје, кој во Бејзикс пее и свири на тапани, најави реизданија на претходните три албуми на бендот, а потоа и официјално ја најави „паузата од Готје“ и враќањето на работата со бендот.

Во февруари годинава ја објавија и првата нова песна насловена „So Hard For You“, која деновиве доби и видео запис за кој се погрижи Ендру Мортлок. За ова, Готје, односно Воли изјавил: „За мене ова беше навистина голем предизвик – организирањето на голема продукција и сите тие музички и технички детали за големата турнеја која ја имав како Готје во претходните две години. Сè што сакам во моментов е добро да се испотам на тапани и да свирам рокенрол во помали клубови со моите браќа Крис и Тим, а за почеток мислам дека нема подобра песна од „So Hard For You“.

Како изгледа новиот видео запис можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑