Свет article_big_1361025247the_basics_album_cover

18 февруари, 2013

Готје најави нови реизданија, а има и нов сингл

Како што пренесува сервисот Music-news.com, пред да стане сопственикот на една од најслушаните песни на планетата „Somebody That I Used To Know“ и добитник на Греми награда, музичарот Готје, чие вистинско име е Wally de Backer, бил познат како Воли Бејзик од групата Д Бејзикс. Уште на крајот на минатата година беше објавен компилацискиот албум „Ingredients“, на кој се собрани најуспешните песни од претходните четири студиски албуми на бендот (оформен во 2002 година, а првиот алвум „Get Back“ го објавија во 2004), а сега за 22-ри февруари е најавено и новото издание на Д Бејзикс, албумот насловен „Leftovers“, на кој ќе бидат претставени Б-страните на сингловите и алтернативните верзии на песни од разни периоди на делување на бендот, кој и покрај огромната популарност која ја доби Готје, и понатаму останува активен.

Исто така, бендот составен од Готје (тапани и вокал), Крис Шроедер (басист) и Тим Хит (гитарист), ја претставува до сега необјавената песна „So Hard For You“, а Готје и екипата во едно сосема поинакво издание можете да ги чуете во продолжение.

Извор: music-news.com/mtv



Врати се горе ↑