За Вас 555613_10151571856861013_1411452432_n

10 април, 2014

Гостување во битолски театар на мјузикл од Србија со деца аутисти‏

Инклузивниот мјузикл „Волшебно патување“  гостува на сцената на НУ Народен театар Битола, сабота 12 април  во 19.30 ч. Мјузиклот е адаптиран по текст на Жил Верн, „Пат околу светот за 80 дена“, каде главните улогиги играат 6 аутистични млади луѓе и една девојка со оштетен слух. Покрај нив на сцената учествуваат и професионалци, балетски играчи, како и фолклорни играчи и хор  АКУД „Лола“. Сценариото и режијата се на Ѓорѓе Макаревиќ.

Мјузиклот е премиерно прикажан по повод светскиот ден на аутизмот  на 01.04 2013. Идејата за мјузиклот  се роди после успешната промоција на цедето „Вилинска песна“, кое го снимија деца со аутизам. Овој мјузикл покажува вокални и играчки способности на децата со аутизам и е на вистински пат за интегрирање на оваа популација во културниот живот.

Главните улоги ги играат лицата со аутизам и нивните родени браќа и сестри. Во тој сегмент се гледа и самата подршка на семејството. Ова е единствена можност да се види претстава каде во прв план се истакнати лица со инвалидност, а каде како поддршка се  појавуваат професионалци.



Врати се горе ↑