Настани

8 мај, 2018

Гостување на Исидора Бјелица и Јована Хисмајер на штандот на „Просветно дело“

На 9 мај во 13 часот на штандот на „Просветно дело“ ќе гостуваат едни од најактуелните писателки во регионот – Исидора Бјелица и Јована Хисмајер. Тие пред посетителите на Саемот на книгата ќе го претстават македонското издание на нивниот роман „Помагајте пријателки“.

Станува збор за книга по која пријателките ќе сфатат како своите интимни разговори, со кафе или чај, да ги претворат во исцелувачки сеанси. Сета историја на духовноста се занимава со прашањето како да станеме подобри луѓе во светот во кој сме се нашле, а не знаеме зошто токму во тој свет. Шокантните откритија на Јована Хисмајер и на Исидора Бјелица одат чекор понатаму од „моќта на позитивното мислење“, кое се темели на тезата дека самите сме си криви за сите несреќи и болести кои ни се случуваат, односно, дека тие имаат свое потекло во негативните мисли. Двете пријателки, кои поминале низ стотици различни терапевтски техники, заедно доаѓаат до најефикасната техника која ја испробаа на самите себе. Револуционерноста на дуалната терапија се огледува во тоа што нè учи како скршеното, навидум грдото, лошото, трауматичното да го претвориме во убаво и во извор на спознание и на добрина.

„Помагајте, пријателки!“ им ги подарува тие сознанија и методи на сите кои трагаат по смислата, а на кои за да ја постигнат целта, би им биле потребни децении откривање и учење. Благодарение на оваа книга ќе увидите дека просветлувањето се случува на ниво на емоциите и ќе научите како болката и немоќта да ги претворите во сила и радост со помошта на вашите пријателки. Книгата „Помагајте, пријателки!“ е интересно четиво за тешките прашања, сериозен учебник за работата на себеси, со шапка, смеа и задолжителниот ерл греј.



Врати се горе ↑