6 март, 2014

Горки Грех: „Подобри сме од Рамштајн!“

Српската група со уникатен концепт, Горки Грех сними видео запис за темата „Вече мушко него ја“: „Песната зборува за жените кои се похрабри и поамбициозни од повеќето мажи, па тешко пронаоѓаат партнер кој може да ги следи во сите нивни подвизи. Овој тип на женственост не е само биолошки условен, ниту е само последица на еманципацијата и современиот начин на живот; сметам дека постои и етно димензијата во целата таа приказна. Секако дека станува збор за жените ’родени на камен’, односно динарскиот подтип. Првиот дел од песната ја евоцира историјата на целото тоа подрачје од Краина до Црна Гора кадешто отсекогаш се живееле тешко и многу се гинело, па жените биле принудени да ја преземаат машкаѕа улога, вклучувајќи го и ракувањето со оружје и ангажирањето во ослободителните движења.“ – појаснува Дејан Јовичиќ, основач, гитарист и автор на групата, кој за да ја напише оваа песна го инспирирала една фотографија од семејниот албум на која неговата прабаба позира со ловечка пушка и прстен со мртовечки череп.

Јовичиќ, кој порано го привлекуваше вниманието на себе со изјавата дека ја преслушал скоро целата дискографија на продукцијата Гранд, вели дека групата Рамштајн и истоимената песна му послужиле како пример за овој „етно-хеви“ стил, но и дека објективно и со целосна одговорност тврди дека во овој случај тој модел е надминат: „Актерските задачи во спотот свесно им ги доверив на колегите музичари, кои одлично се снајдоа, а тоа се Наташа Коларж, Бојана Машковиќ, Ивана Владовиќ, Младен Пецовиќ, Младен Живковиќ и ритам секцијата на бендот на Мија Ѓурѓевиќ и Матеја Видаковиќ – вели Јовичиќ.

За видео записот се погрижи екипата на продукцијата „Кан и Лингус“, а се снимаше во кафулето „Чорба“ во текот на февруари. Аудио продукцијата ја потпишува Немања Поповиќ од студиото „Виша класа“.



Врати се горе ↑