Аудио GorkiGreh foto Aleksandar Šumilov

23 јануари, 2014

Горки Грех пеат за влијанието на интернет порнографијата

Српската група Горки Грех неодамна ја претстави својата нова песна во која се зборува за влијанието на интернет порнографијата врз машко-женските односи. Бендот го основал авторот и гитарист Дејан Јовичиќ откако ја преслушал комплетната дискографија на преку триесет изведувачи на турбо фолк музика: „Музиката на овој бенд е врз основа на hard&heavy мелосот помешан со звуците од поднебјето, во распон од етно наследство до турбо фолк. Резултат на тоа е фузија од стилови кои би можеле да ги наречеме Урбо-Фолк.“ – вели Јовичиќ.

По мини албумското издание со пет нумери, белградската група неодамна ја претстави својата нова песна насловена „Осети ме“: „Темата на песната е начинот на кој интернет порнографијата влијае врз машко-женските односи, а пораката е всушност повик до мажите да се ослободат од вишокот фантазија и со тоа да ја надминат својата несигурност во контакт со реална женска личност. Накратко, не ти треба порно, жената е доволна! – објаснува лидерот на Горки Грех.

 

 

Групата Горки Грех првобитно функционирала како проект под името Ентер Вилајет. Првиот сингл „Заустави дах“ беше објавен во октомври 2011 година, кога се искачи на третото место на топ листата Дискомер на радио Студио Б. Во мај 2012 година беше објавен видео запис за темата „Delta City Blues“. По пауза од година дена и работа на новиот материјал, бендот објави четири нови песни на кои публиката реагираше одлично, како љубителите на рок музиката, така и слушателите на турбо фолк музиката. Во мај 2013 година започна нова фаза во работата на бендот, името е променето во Горки Грех, а се собра потполно нова екипа на музичари составена од познати и проверени имиња. Концертните активности се поинтензивни од октомври минатата година, откако ГГ имаше десетина настапи во Белград, а во моментов во тек е работата во студио проследена со настапи во живо.

 



Врати се горе ↑