Свет article_big_1364480036monkey

29 март, 2013

Горилаз работат на опера во Њујорк

Операта „Monkey: Journey To The West“, која премиерно беше изведена во Манчестер во 2007 година, ќе биде преместена во Њујорк. Автор на музиката е Дејмон Албарн, за концептот и костимите е задолжен неговиот постојан соработник од групата Горилаз, Џејми Хјулет, а режисер е Чен Ши-Зенг. Либретото е врз основа на стара кинеска бајка за мајмунот кој патува од Кина во Индија во потрага по стари будистички текстови.

Операта ќе биде изведена во њујоршкиот Линколн центар, а трејлерот кој го најавува овој сценски спектакл можете да го погледнете во продолжение.

 

„Monkey“ е прва опера на која работел Албарн; минатата година тој ја компонираше музиката за операта „Doctor Dee“.

Извор: PitchFork.com



Врати се горе ↑