Македонија 185006_128767687191651_2249644_n (1)

19 февруари, 2013

Горила Продукција најавува многу новитети

Од Горила Продукција најавуваат многу новитети за годинава. Голем број македонски изведувачи се токму под закрилата на оваа продукција и работат со полна пареа. „Многу синглови, спотови, албуми и концерти оваа година“ – пишува на нивната фејсбук страница. По доста успешната 2012 година (деби албумот на Магдалена Цветкоска Ена, концертите на Нокаут, бројните настапи низ Македонија…), годинава можеме да го очекуваме деби албумот на Димитар Андоновски, кој минатата година го имаше најголемиот радиски хит, втори изданија од Дарко Илиевски и Тамара Тодевска, а за одличните видео записи е задолжен тандемот Владимир Ивановски Дади и Нена Зафировска. 

Им посакуваме успешна година и ги очекуваме новитетите на нивните ексклузивци и соработници, меѓу кои и Симона Попоска, Сара Мејс (Сара Костадиновска), Лазар Цветкоски, како и големиот број на диџеи кои се дел од семејството на Горила.



Врати се горе ↑