Аудио goran-mizar

19 март, 2013

Горан Таневски од „Мизар“ со концерт ќе ги промовира новите нумери

Првиот пејач на култниот македонски состав „Мизар“, Горан Таневски работи на соло-материјал, јавува порталот „Балкан рок“. Во информацијата се вели дека тој продолжува со објавувањето на завршните верзии на песните, кои наскоро ќе бидат промовирани на концерт. Засега не му е во план да издаде албум, туку ќе настапи во живо, каде што ќе се претстави под насловот „Goran Tanevski Project“.

Меѓу придружните музичари се и гитаристот Благој Цилаков, Сандра Јорданова, Јана Стојановска, Марија Каева, Соња Исмаил… Дел од нумерите се „Сонце“, „Будење“, „Ascend“, а како звучат новите музички материјали можете да преслушате во продолжение.

Извор: BalcanRock.com

 



Врати се горе ↑