4 ноември, 2012

Горан Папаз со видео запис за „Длабока вода“

Неодамна на неговиот фејсбук профил, момчето кое најдобро го знаеме како член од бендот Суперхикс, но и како соло артист, Горан Папаз го најави видео записот за неговата најнова песна „Deep Water“. Папаз зад себе има веќе неколку нумери, како што се преработките на евергринот „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски Џафер, како и „По тебе“ од Тоше Проески, а и неколку негови песни во кои сите уживаат слушајќи ги звуците од неговиот саксофон.

Погледнете го видео записот за нумерата „Deep Water“ (Длабока вода) и уживајте.



Врати се горе ↑