Аудио

11 јуни, 2018

Горан Папаз му посвети песна на својот син

„За кого и на кого ја посветувам, насловот кажува. Нешто извадено од дното на мојата душа, микс од емоции“, вака Горан Папаз го претстави својот нов сингл насловен „Damian“ по неговиот син. Познатиот виртуоз на саксофон, чиј потпис стои на музиката, повторно ги здружи силите со колегата Гоце Симоноски, кој ги направи аранжманот и продукцијата.

За кого и на кого ја посветувам, насловот кажува. Нешто извадено од дното на мојата душа, микс од емоции.Уживајте во…

Gepostet von Goran Papazz am Sonntag, 10. Juni 2018

Музичарите за првпат соработуваа пред 7 години, кога од нивниот заеднички труд се роди одличната „Разбуди се“, а ова ново музичко парче воедно е најава за новиот проект на Папаз, кој треба да биде завршен наредната година.

Како што пишува „Охрид њуз“, „Damian“ наскоро ќе добие и своја визуализација што ќе биде изработена во текот на летово. Дотогаш, уживајте со прекрасната мелодија што произлезе од безрезервната родителска љубов на тато Горан!



Врати се горе ↑