Аудио

21 мај, 2019

Горан Папаз и Даз Флоу знаат како беше, како е и како ќе биде!

По осум години од првата соработка за одличната „Разбуди се“, и седум години по „Дај прошетај“, Горан Папаз и Даз Флоу повторно ги здружија силите за уште една песна, на која ѝ дадоа едноставен наслов – „Знам“! Папаз се потпишува и како автор на музиката, стиховите се на Дарко Иваноски (Даз Флоу), а аранжманот, продукцијата и гитарата се на Танче Гроздановски, со кого Горан го подготви и претстојниот заеднички албум „Елегија“.

„На 19 мај 2011 година ја направив мојата прва песна ’Разбуди се’, на која ми гостуваше моето другарче Даз Флоу. Осум години подоцна си го пронајдов другарчето во Малта и направивме нешто ново за ова лето. Ќе има и трето во иднина, сигурен сум“, напиша Папаз претставувајќи ја новата песна, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑