Македонија 10268648_10152178468778477_2781757329348487600_n

9 јануари, 2016

Горан Папаз го освојува регионот и најавува нов сингл со Нина Јанева

Познатиот виртуоз на саксофон Горан Папаз реши да го освои и целиот регион, а неговиот поход започна деновиве со настапи во соседна Србија, каде што вчера одржа целовечерен концерт во Домот на културата во Бајина Башта, а вечерва настапува во клубот „Мајдан“ во општината Уб, близу Белград. На репертоарот ќе се најдат неговите авторски нумери и неколку преработки на наши но и светски познати хитови.

Веднаш по гостувањата во Србија, Папаз го најави и својот нов сингл, за кој повторно соработува со добро познатиот продуцент Александар Масевски, а сето тоа ќе биде збогатено со прекрасниот вокал на Нина Јанева.

Девојчето си влезе во студио кај Масевски, и ОТКОРНА со тоа гласот нејзин“, рече Папаз за својата колешка, а додека го очекуваме нивниот заеднички сингл, уживајте со одличната соработка со Диран Тавитјан насловена „Засекогаш“!

Извор: Ohridnews.comФотографија: Фејсбук

 



Врати се горе ↑