15 октомври, 2014

Горан Наумовски со нова песна и видео запис; Погледнете го „Љубовта е патот“

По настапот на овогодишното издание на фестивалот „Макфест“Горан Наумовски неодамна ја претстави својата нова песна насловена „Љубовта е патот“, чиј комплетен автор е неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габроски, а за екранизацијата во режија на Марјан Огненовски, се погрижи продукцијата „Фабрика“. Дел од видео записот е снимен во Македонската опера и балет, а дел низ различни локации низ Скопје. Песната е избрана во првиот квартал на 2014-та година, според Законот за поддршка на македонската продукција. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Горан Наумовски е едно од имињата што ќе ги видиме на сцената на Скопскиот фестивал на 12 ноември каде што ќе настапи во дует со еден од најценетите сопрани, првенец и оперска дива во белградската опера, Сања Керкез, којашто на македонската публика ѝ е позната по многубројните настапи во Македонската опера и балет, а и концертот за Тоше – „Неговите арии”.

Песната за фестивалот го носи насловот „Миг без тебе“, а е комплетно авторско дело на нашата позната пејачка и композиторка, Андријана Јаневска: „Голема чест и задоволство ми е што ќе ја делам сцената на 12 ноември на Скопскиот фестивал со една ваква ѕвезда од класичната музика“, изјави Горан.



Врати се горе ↑