4 октомври, 2017

Горан Милошески ги промовираше своите „Очи зелено сини“

Деновиве во скопскиот ресторан „Кеј“ се одржа  промоцијата на видеото за победничката песна според жирито на  фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури 2017“, темата  „Очи зелено сини“ на македонски пејач, композитор, аранжер и продуцент Горан Милошески. На промоцијата пред голем број на новинари, пријатели и соработници на Милошески, самиот објасни како дошлодо создавање на оваа победничка балада, а ги појасни и деталите и поединостите и секако ја претстави екипата што го израбортила видеото што е снимано во Битола, во режија на Томе Влашески и неговата „Куба видео“, кој исто така ја потпишува и монтажата на спотот, додека зад камерата при снимањето бил Агим Џело.

Музиката и текстот на ова поп-танго ги потпишува Рики Миров (веројатно псевдонимот за фестивалската пригода на Горан Милошевски), додека  аранжманот е на Владимир Дојчиновски – Дојчин Виолината ја свири Илија Филиповски, а хармониката Војче Петрушев.

„Бесконечна благодарност до остатокот  од екипата кои, секој свој начин,  прдонесоа овој видео запис да изгледа така како што изгледа. Викторија Јанкоска, Бобан Катаровски, Љупчо Љупа Ангеловски, Игор Марковски, танчерка Ана и Илија Марковски од студиото за модерно танци ’Експоуз’  од Битола. Конечно за мојот стајлинг се погрижија Александра Тасева и шминкерката Симона Станковска“, напиша Горан Милошевски во својата благодарница под видеото постирано на Јутјуб, кое можете да го погледнете горе. Уживајте!

Извор: Вистина



Врати се горе ↑