Балкан Goran Bregovic - Горан Бреговиќ

21 октомври, 2012

Горан Бреговиќ со европска турнеја

Поранешниот член на легендарната група „Бјело дугме“, Горан Бреговиќ започна со неговата европска турнеја. Имено, деновиве тој го презентира материјалот од неговиот последен албум „Champagne for Gypsies” (Шампањско за циганите) кој беше објавен во март годинава.

Како што самиот Бреговиќ кажува, новиот албум е негова реакција на екстремниот притисок на кој се изложени ромите ширум Европа во последно време; од протерување од Франција и Италија, до спалување на куќите во Унгарија до претепување во Србија. Намерата на овој албум е да нè потсети на ромските музичари што оставија длабока трага во популарната култура во целиот свет. Да нè потсети дека ромите не се проблем на овој свет, туку еден од најталентираните делови од човештвото кој со векови инспирирал голем број композитори.

Меѓу гостите на албумот се најдоа и добро познатите Џипси Кингс, како и други врвни музичари од Европа. По германската, следуваат турнеи во Италија, Франција и Белгија. Во продолжение погледнете каква беше атмосферата во студио снимајќи ја нумерата „Presidente” со легендарните Џипси Кингс.

 



Врати се горе ↑