Балкан Goran Bregovic - Горан Бреговиќ

28 октомври, 2012

Брега не припаѓа на ниту една националност?

Еден од најпознатите балкански музичари, Горан Бреговиќ во интервјуто кое го даде за „Дојче Веле“  за време на неговата турнеја во Германија, рекол дека никогаш не се декларира ниту како србин, хрват или босанец бидејќи не припаѓа на ниту една од тие националности. Брега објасна дека причината е тоа што тој е од мешан брак, па припадноста е повеќе емоционален отколку етнички избор; кога ќе  ја изгубите татковината, тогаш сфаќате дека тоа не е географска или политичка територија, туку само емоционална.

Притоа додаде дека работи „циганска работа“ бидејќи е музичар, велејќи: „Се сеќавам кога ја донесов дома заработката од мојот прв концерт, а татко ми, кој беше полковник во Југословенската Армија, ми рече: ’Нема ти да ја работиш оваа циганска работа!’. Но, јас сум еден од нив. ’Џипси’ ја има истата метафоричка вредност за мене како што е каубојот. И покрај сè, во секој од нас постои ’џипси’ кој чека момент да се разбуди.“

 



Врати се горе ↑