19 јули, 2017

Големо признание за триото на Дамјан Пејчиноски во Кина

Триото на светски познатиот гитарист од Охрид, Дамјан Пејчиноски, ја доби наградата „Excellence In Performance“ (Извонредност на изведба) на кинескиот фестивал на културата (China Cultural Season Festival) што се одржа во кинескиот град Ланжу. Наградата на Дамјан Пејчиноски му ја врачи првиот човек на градот.

19990300_10154865775597877_6318630301245250543_n

„Почестени сме што ја добивме оваа награда заедно со другите наградени изведувачи на овој извонреден интернационален фестивал. Му благодариме на прекрасниот кинески народ, на организаторот и градот Ланжу за искажаната голема почит кон нас. Длабоко нè допре вашата гостопримливост и дух“, истакна Дамјан Пејчиноски по добивањето на наградата.

19989247_10154861905702877_5876307800853567879_n

Фестивалот во Ланжу се одржа од 6 до 11 јули под покровителство на министертвото за култура на Кина и кинеската џез асоцијација. Триото на Дамјан Пејчиноски се претстави со џез теми и македонски етно композиции во сопствен аранжман.

19905453_10154858006542877_9105475168840638452_n

19990145_10154861782407877_7135885494424681636_n

Извор: OhridNews / Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑