Балкан

6 декември, 2018

Големите музички ѕвезди ве повикуваат на „МАС“

Љубителите на музиката од целиот регион наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени песни и изведувачи, и со тоа да ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на регионалните музички признанија MAC (Music Awards Ceremony). Признанијата на најдобрите изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат доделени на 29 јануари 2019 година, на спектакуларната манифестација во арената „Штарк“ во Белград, на која ќе учествуваат повеќе од 60 познати личности од регионот.

Најголемите музички ѕвезди од нашите простори веќе ги следат MAC, а Горан Бреговиќ со фотографија ги повика љубителите на добрата музика и одличната забава да го проследат настанот. Воодушевувањето од идејата за прво доделување на музички награди стигнува од уште една голема регионална музичка ѕвезда – Тони Цетински.

„Регионот долго чекаше на настан каков што е MAC. Музиката ги спојува луѓето, и сигурен сум дека овој пат ќе нè спои на најдобар можен начин. Се гледаме на 29 јануари!“, порача тој.

Фотографија: Паоло Џентилини (Paolo Gentilini)

Првиот, иницијален избор на нумери и изведувачи за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, раководејќи се од свои релевантни параметри на слушаност и популарност на песните и изведувачите. На тој начин ќе им се даде важност на мислењата на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фаворити, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците на категориите.

„MAC“ ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа „Скајмјузик“ (Skymusic) која зад себе има дводецениско искуство во техничката продукција на најголемите регионални музички настани. Манифестацијата директно ќе ја пренесуваат телевизии со национална фреквенција од регионот, а најновите информации за MAC можете да ги следите преку интернет-страницата www.musicawardsceremony.com, како и на на Фејсбук и Инстаграм.

Извор и фотографии: MAC



Врати се горе ↑