Артисти 72527_455302414291_2082222_n

17 август, 2013

Голема забава по повод „10 години DJ Buli”

Со голема забава во малото паркче наспроти полицијата,  еден од најактивните и најпродуктивните кавадаречки клубски артисти, диџеј Були ќе го одбележи својот десетгодишен работен период поминат зад миксетата.

Александар Тренчев, или ако сакате повеќе диџеј Були, е роден 1987 година во Кавадарци, Република Македонија. Првите контакти со музиката ги стекнува уште на седум годишна возраст, одејќи во основното музичко училиште во Кавадарци, изучувајќи ги клавијатурните инструменти и теоријата на музиката. Овој период во неговиот живот зазема голема улога во неговата музичка едукација. Првите контакти со електронската музика се направени во периодот од 1998, 1999 и 2000 година прифаќајќи го влијанието на артисти и ди-џеј како: Фетбој Слим, Кемикал Брадрс, Продиџи, АТБ, Армин Ван Хелден, Фејтлес, Мјузик Инстрактор и други.

Првото јавно настапување како диџеј го има реализирано во 2003 година во неколку локални клубови. На 16 годишна возраст има настапи како резидент диџеј во најреспектираниот клуб во Кавадарци и пошироко Alexandria, каде се запознава со еден од најреномираните градски диџеј, диџеј Фрик (DJ Freak) којшто му помага при селектирањето и доловувањето на електронскиот звук во неговите сетови, и има големо влијание во неговото понатамошно музичко експриментирање. Големо влијание има и клубот Emi во кој диџеј Були настапуваше како ресиденнт диџеј. Клубот Emi е со голема клупска историја во Кавадарци и важеше за еден од највпечатливите клубови во Македонија. Диџеј Були имаше и сопствена радио емисија до 2009 година насловена 102 Причини Galaxy Dance 5, која се емитуваше на локалната радио станица Galaxy 102,2 fm.

Денес, диџеј Були е препознатлив по концептот на презентирање на неговиот сет наречен 100% Blaster Beats, кој се задржува на модерниот и современ електро-клубски звук. Неговите сетови се препознатливи и по различните стилови на музика и по начинот на нивното миксање и преставување, правејќи го да биде целосно препознатлив. Неговите настапувања се зачинети со progresive electro vocal sound и во поново време вметнува инструменти во живо на неговите настапи како труба, електрична гитара, перкусии и слично.

Диџеј Були постојано врши испитување во полето на модерната електронска музика како латино музиката, со цел во целост да ги задоволи потребите и барањата на публиката, како и да придонесе до доближување на современата и модерната електронска и латино музика на пошироката јавност. Денес тој настапува во клубовите ширум Македонија каде го искажува својот талент преку одличните забави и настапи. Долгогодишното искуство во оваа професија е доволен показател за сериозноста на пристапот кон работата и начинот на презентација на истата кој што диџеј Були со неизмерна љубов и постветеност професионално ја реализира 10 години.

Со цел на одбележување на десет годишниот јубилеј, целиот проект „10 години Dj Buli“ е предвиден да биде изразен пред пошироката јавност во форма на забава на кој покрај него ќе настапат негови колеги и блиски соработници кои се повразни со неговата кареира, а меѓу нив ќе ги видиме DJ Freak, DJ Lucky, DJ Peca, DJ Face, Pere Melov (Trumpet, Riste Dimitrov (Electric Guitar).

Забавата ќе се одржи на 28.08.2013 година, среда, во малото паркче наспроти полицијата во Кавадарци, a стартот на забавата е закажан за 21:00 часот.



Врати се горе ↑