Концерт kuku-lele-koncert

20 ноември, 2013

Голема предновогодишна забава со „Куку леле“ во „Експо центар“

Вистинска журка за паметење и најголемо градско лудило ги очекува скопјани на 7-ми декември, кога во новоотворениот „Експо центар“ момците од  „Куку леле“, на публиката ќе  ѝ овозможат повеќечасовна незаборавна забава. „Сè е против нас“, „Стамбол сосе Бардовци“, „Блесава си или не“, „Кучка неверна“, „Постела рози“ се само дел од незаборавните хитови што Роберт и Панки ќе ги изведат пред својата публика, која ќе има можност да го повтори доживувањето од 2-ри март оваа година кога момците се вратија на сцената со концертен настап во клубот Колосеум.

Забавата за која се најавени и неколку музички изненадувања, ќе започне на полноќ, а билети во претпродажба можете да набавите во Југотон , Камарад- Рамстор, Цвеќарница Розе- Веро 2  и на сите продажни места на МК Тикетс по цена од 200 денари до 5 декември (четврток). Во петок и сабота, на 6 и 7 декември цената на билетите ќе изнесува 250 денари, а вечерта пред самата журка на касата на „Експо центар“ ќе бидат 300 денари.



Врати се горе ↑