Галерија

26 јуни, 2017

Голем медиумски успех на Четкар во Тајланд

Владимир Четкар вчера вечер настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд, „Хуа Хин“, кој се одржа во монденскиот тајландски туристички центар Хуа Хин. Македонскиот џез/соул/фанк музичар беше најавуван како една од главните ѕвезди на овогодинешното издание на фестивалот во Тајланд.

Пред овој концерт Четкар имаше серија телевизиски настапи и интервјуа во Тајланд, меѓу кои и настап во живо на најгледаната национална телевиија во Тајланд, Канал 3. На настапите на кои се претстави со авторска музика, Четкар беше приружуван од тајландскиот бенд „Фанкшн“, како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна Азија, Кох Саксмен.



Врати се горе ↑