Концерт BAH - 20 godini PLAKAT

21 јуни, 2014

Голем концерт по повод 20 години балетско студио „БАХ“

Балетското студио „БАХ“ од Струга ќе го прослави своето 20-годишното постоење со големо шоу. Студиото кое со години беше и сè уште е место од кое произлегоа и произлегуваат нови деца кои го учат танцот и е едно од најголемите промотори на културата на Струга, е добитник на многу награди меѓу кои и наградата за сценски настап на фестивалот „Макфест“, која ја добива неколку години со ред.

Главниот танц инструктор и кореограф Тања кажува дека пробите, андреналинот, љубовта и возбудата го одржаа балетското студио „БАХ“ како едно сложно семејство во сите овие години.

Јубилејот е резултат на 20 танцови години кои со голем концерт ќе бидат одбележани во недела, 22 јуни, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток од 19 часот. Како специјални гости на концертот ќе бидат: Дарко Илиевски, Викторија Лоба, Beyond Parkour – Скопје,  Брејк а лег, Денис Мурат, Фифи, Андреј од ДНК и ДОН, како и водителката Иванна Хаџиевска. 



Врати се горе ↑