Концерт

15 февруари, 2019

Голем концерт на Лозано на 23 март во „Борис Трајковски“

После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23 март во ВИП арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20.30 часот.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на „Авалон продукција“ е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман, соопштија организаторите. Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории:

Фотографија на Lozano - Vlatko Lozanoski.

ПАРТЕР- 500 денари
ФАН ПИТ- 800 денари
ТРИБИНИ- 700 денари
SILVER SEATS- 800 денари
GOLDEN SEATS- 900 денари
ВИП- 1.000 денари

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место.

View this post on Instagram

🌟🌟🌟Buy "DESET": @vlatkolozanoski . 👈💿 – "Десет" е третиот по ред студиски албум . – Насловот на албумот, симболично ја претставува десетгодишната музичка кариера од моментот на првото музичко претставување. – Албумот се состои од 10 ново-компонирани песни, односно 11, како бонус трака со друг аранжман. – Главен продуцент на албумот се потпишува @lazarcvetkoski , додека како текстописец на поголемиот дел на нумерите е @magdalena_ena – Покрај нив, како автор и аранжер се потпишуваат и @darkodimitrov (5,11), а удел допринесува и @milan.kosa како текстописец (9,10) – Коверот и изгледот на албумот е дизајниран од страна на @martin_filipovski – Видео записи: @vaskopavlevski (1,2,7,10), @shapkovski (10), @vestaproduction (3,4,9), @gjulson (5), @danieljoveski (8), #MisterCatEntertaiment (6) . – Пратечки вокали: Лазар и Магдалена Цветкоски, Лозано – Инструменталисти: 🎷@maestro_cirtasax (3,4), 🎸 @bojanrafajlovski (3,6) – Студио и мастеринг: LCV Production Благодарност до @dioptraoptics 👓 (со секој купен пар, го добивате како ПОДАРОК новиот албум) #Album #Deset #Stores #Music #Lozano #VlatkoLozanoski #iTunes #Apple #GooglePlay #Spotify #Deeser #Amazon . 1. #KakoTebeNemaDruga 2. #ZenaKakoTi 3. #Nadez 4. #Kilometri 5. #PredDaSeRazdeni 6. #KamoTebeDaTeImam 7. #Bonbona 8. #JakoJako 9. #OvaLetoKeSePamti 10. #Mandarina 11. #PredDaSeRazdeni

A post shared by 𝐋𝐎𝐙𝐀𝐍𝐎 (@vlatkolozanoski) on

Големиот концерт, кој Лозано го најави уште минатата година, доаѓа непосредно по објавувањето на неговиот трет студиски албум симболично насловен „Десет“, каде што се сместени вкупно 10, односно 11 теми. Главен продуцент на албумот е Лазар Цветкоски, додека како текстописец на поголемиот дел на нумерите е Магдалена Цветкоска. Покрај нив, како автор и аранжер се потпишува и Дарко Димитров (5,11), а како текстописец Милан Миланов – Коса (9,10). Обвивката и изгледот на албумот ги дизајнираше Мартин Филиповски.



Врати се горе ↑